Осетен пад на активностите на македонската гредежна оператива на странските пазари забележан е во 2011 година, а позагрижувачки е фактот што драстичен пад бележат договорените зделки за во иднина. Вкупната вредност на извршените градежни работи во странство во периодот јануари-декември изнесува 2,2 милијарди денари (35,8 милиони евра) што е за 11 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во наведениот период, градежната оператива од Македонија во странство договорила градежни работи во вкупна вредност од 2,45 милијарди денари (околу 40 милиони евра) што е за 39, отсто помалку во споредба со договорените активности во текот на 2010 година. Вредносните податоци за периодот јануари - декември 2011/2010 година се дадени врз база на паритет 1 САД долар = 46,314 денари.
Осетен пад на активностите на македонската гредежна оператива на странските пазари забележан е во 2011 година, а позагрижувачки е фактот што драстичен пад бележат договорените зделки за во иднина.
Вкупната вредност на извршените градежни работи во странство во периодот јануари-декември изнесува 2,2 милијарди денари (35,8 милиони евра) што е за 11 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Во наведениот период, градежната оператива од Македонија во странство договорила градежни работи во вкупна вредност од 2,45 милијарди денари (околу 40 милиони евра) што е за 39, отсто помалку во споредба со договорените активности во текот на 2010 година.
Вредносните податоци за периодот јануари - декември 2011/2010 година се дадени врз база на паритет 1 САД долар = 46,314 денари.
Зголемен обем на извршените градежни работи забележан е во Италија, Албанија, Словенија, Хрватска и Украина, додека на другите пазари е регистриран намален обем.
Како нови пазари се јавуваат Црна Гора и Франција.